Достапни линкови

Иран бара состанок во ОН за проблематичната виза


Хамид Абуталеби.

Хамид Абуталеби.

Иран побара специјален состанок на комисијата на ОН за односи со земјата домаќин, откако САД соопштија дека нема да му дадат американска виза на новонаименуваниот амбасадор на Техеран во светската организација.

Пред неколку дена Вашингтон соопшти дека нема да му даде виза на Хамид Абуталеби поради неговата поврзаност со заложничката криза во Техеран од 1979 до 1981, кога радикални ирански студенти ја зазедоа американската амбасада и држеа 52 Американци во заложништво цели 444 дена. Абуталеби изјави дека тогаш им бил само преведувач на заложниците.

Кипарскиот амбасадор во ОН, Николас Емилиу, кој претседава со 19-члената комисија која работи на прашања поврзани со визи, имиграција и безбедност, соопшти дека Иран побарал состанок на ова тело.

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи Марзиех Афхам, за државната новинска агенција ИРНА изјавил дека Техеран ги активирал официјалните механизми за поднесување жалба.
XS
SM
MD
LG