Достапни линкови

ЕУ загрижена за европскиот пат на БиХ


Шефовите на дипломатии од земјите-членки на ЕУ изразија сериозна загриженост поради заостанувањето на БиХ во европските интеграции и ги повикаа лидерите на оваа земја сериозно да се осврнат кон проблемите на граѓаните.

„Додека сите останати држави во регионот напредуваат, БиХ заостанува“, се наведува во соопштението од состанокот на Министерскиот совет на ЕУ во Луксембург.

Советот констатирал дека политичките лидери во БиХ користат реторика која предизвикува поделби и дека им недостасува политичка волја да ја надминат парализата во одлучувањето, поради која БиХ веќе останала без значителни средства од предпристапните фондови на Унијата.

Министрите ги повикаа босанските лидери да го почитуваат гласот на граѓаните, кои преку протести бараа решевање на основните животни прашања, со цел да се подобри економската и социјалната ситуација.
XS
SM
MD
LG