Достапни линкови

Претпладне сонце, попладне дожд


Времето денеска претпладне ќе биде топло и сончево со мала облачност. Од пладневните часови ќе биде облачно и дождливо, а ќе дува и северозападен ветер. Во јужните делови од земјата ќе има и појава на нестабилност со грмежи.

Утринската температура се движи од еден до седум, а дневната од 16 до 22 степени.

Во Скопје дневната температура ќе достигне до 17 степени.

Во следните денови особено ќе се спуштаат дневните температури, така што во среда максималните температури ќе бидат и за осум до 10 степени пониски од претходниот ден и ќе бидат во интервал од шест до 13 степени. Во среда врнежите на повисоките места и на планините повремено ќе бидат од снег.
XS
SM
MD
LG