Достапни линкови

Руски авиони надлетувале американски воен брод во Црното Море


Aмериканскиот воен брод, разорувачот Доналд Кук, во романското пристаниште Констанца.

Aмериканскиот воен брод, разорувачот Доналд Кук, во романското пристаниште Констанца.

Американското министерство за одбрана соопшти дека руски воени авиони неколку пати ниско надлетувале во близина на американски воен брод во Црното Море. Портпаролот на Пентагон, полковник Стив Ворен, ги осуди постапките на руските авиони како „провокативни и непрофесионални“. Инцидентот се случил на 12 април. Ворен рече дека рускиот авион Су-24, познат како Фенчер, 12 пати ниско надлетал во близина на американскиот воен брод, разорувачот Доналд Кук, кој е во Црното Море од 10 април. Тој рече дека руските авиони биле невооружени. Американскиот носач на хеликоптери сега е во пристаниште во Романија. Тензиите меѓу Москва и Вашингтон се зголемија по руската анексија на Крим, која за западните држави е нелегална.
XS
SM
MD
LG