Достапни линкови

Ахмети: Не поддржуваме никого, ќе го бојкотираме и вторит круг


Лидерот на ДУИ Али Ахмети.

Лидерот на ДУИ Али Ахмети.

Неизлегувањето на Албанците на 13 април покажува силна поддршка на една национална, натпартиска идеја дека во земјава се бараат промени и оти оваа земја им припаѓа на сите што живеат на овие простори, оцени лидерот на ДУИ Али Ахмети на денешната прес-конференција во партиското седиште во Мала Речица посветена на првиот круг од претседателските избори.

Тој најави дека тие ќе продолжат во напорите идејата за консензуален претседател да се реализира и материјализира, ако не сега, во процесите што доаѓаат во иднина.

Во однос на тоа дали и кого од двјацата кандидадти ДУИ ќе поддржи во вториот круг од претседателските избори, Ахмети изјави дека тие „не прават политика со двојни стандарди“.

„Ние ќе продолжиме да ја промовираме нашата голема идеја. Таа идеја ги надмина границите на една страна и партија и стана идеја на наголем дел од Албанците во Македонија. Ние на ниту еден начин нема да ѝ наштетиме бидејќи таа е многу позначајна од излегување на избори и поддршка на Стево Пендаровски. Идејата е многу посилна и позначајна за интересот на државата и ние ќе продолжиме да повикуваме Албанците уште еднаш да ја подржат својата одлука од 13 април и на 27 април Албанците ќе излезат и ќе гласаат за ДУИ а ќе апстинираат и нема да го земат гласачкото ливче за претседател, кој е едностран и без договор“, појаснува Ахмети.

За односот на ДУИ кон новоизбраниот претседател, Ахмети појасни дерка „тој ќе биде едностран претседател и претседател на една заедница, а нема да биде претседател избран со гласовите на втората најголема заедница во земјата – Албанците“.
XS
SM
MD
LG