Достапни линкови

logo-print

Путин со вознемиреност ја следи ситуацијата во Украина


Рускиот претседател Владимир Путин.

Рускиот претседател Владимир Путин.

Кремљ соопшти дека рускиот претседател Владимир Путин ја следи ситуацијата во источна Украина „со голема вознемиреност“. Портпаролот на Путин, Владимир Песков, исто така рече дека рускиот претседател добивал „многу жалби од источните региони во Украина, адресирани до Путин лично“ во кои се бара руска помош, но Песков не кажа каков вид руска помош се бара во источна Украина. Про-руски групи окупираа владини згради во неколку градови во источна Украина. Западот ја обвинува Москва за организирање на немирите.
XS
SM
MD
LG