Достапни линкови

Поранешниот армиски шеф се кандидира за претседател на Египет


Поранешниот началник на генералштабот на египетската армија Абдел Фатах ал-Сиси.

Поранешниот началник на генералштабот на египетската армија Абдел Фатах ал-Сиси.

Поранешниот началник на генералштабот на египетската армија Абдел Фатах ал-Сиси официјално поднесе кандидатура за претседателските избори во Египет на 26 и 27 мај. Се очекува, тој да победи на изборите. Тој е номиниран од 25 илјади граѓани. Сиси го предводеше соборувањето на демократски избраниот исламистички претседател Мохамед Морси во јули минатата година. Морси сè уште е во притвор. Левичарскиот лидер Хамдин Сабахи и адвокатот Мортада Мансур најавија дека планираат да се кандидираат, но сè уште официјално не го сториле тоа. Крајниот рок за поднесување на кандидатурите истекува на 20 парил, по што властите на 2 мај треба да ја објават конечната листа на кандидатите.
XS
SM
MD
LG