Достапни линкови

Буџетскиот дефицит на Грција лани бил 12,7 отсто од БДП


Минатата година буџетскиот дефицит на Грција изнесувал 23,1 милијарда евра, достигнувајќи 12,7 отсто од грчкиот бруто домашен производ (БДП). Вкупниот долг на Грција бил 318,7 милијарди евра или 175,1 процент од БДП, соопшти Грчкиот статистички институт (ЕЛСТАТ). Во 2012 година дефицитот изнесуваше 8,9 отсто од БДП, а долгот 157,2 проценти од БДП. За 2013 година бруто домашниот производ на Грција изнесувал 182,1 милијарда евра, забележувајќи пад од 5,8 проценти во споредба со 2012 година.
XS
SM
MD
LG