Достапни линкови

logo-print

Албанија води војна против исламот, обвинуваат албански исламисти


Архивска фотографија: Тирана.

Архивска фотографија: Тирана.

Осумтемина Албанци, меѓу кои и двајца самопрогласени имами, обвинети за регрутирање и испраќање борци во Сирија, кои одбија да говорат пред судските органи, напишале писмо во кое меѓу другото тврдат дека се „жртви на војната што албанската држава ја води против исламот“.

„Албанската држава, јасно покажа дека е против исламот, нешто кое го потврди и со апсењето и протерувањето на сите државјани од арапските земји од Албанија со образложение дека се борат против тероризмот денес или фундаментализмот вчера. На овој начин Албанија продолжува по стапките на диктаторот Енвер Хоџа, кој војуваше против религијата уште од првиот ден кога дојде на власт“, стои во писмото во кое се изнесени и обвинувања до исламската верска заедница на Албанија.

Како што јави дописникот на МИА, самопрогласените имами од џамијата „Нов прстен“ во Тирана, Генц Бала и од џамијата во селото Мезез кај Тирана, Бујар Хиса, во заедничкото писмо со останатите осомничени ги отфрлаат обвинувањата, наведувајќи дека не направиле ништо во спротивност со законот, туку само „го почитувале Куранот“.

„Ние дадовме само скромен придонес за Сирија. Нашата активност во врска со Сирија почна откако од медиумите дознавме за убиствата на нашите браќа и злоставувањето на нашите сестри мусимани“, стои во писмото, во кое се наведува дека „единствено Алах заслужува бладогарност“ и од него бараат помош и прошка и заштита од злото.
XS
SM
MD
LG