Достапни линкови

logo-print

Почна формирањето на новата ерменска влада


Овик Абрахамиан.

Овик Абрахамиан.

Овик Абрахамиан почна со составувањето на новата ерменска влада, откако премиерот Тигран Саркисјан си поднесе оставка на 3 април. Пред да го добие мандатот, Абраамиан беше претседател на ерменскиот парламент. Саркисјан се повлече од функцијата, откако Уставниот суд ги укина како неуставни контроверзните пензиски реформи, кои беа голем проект на неговиот кабинет. Најавените реформи предизвикаа масовни протести. Учесниците обвинија дека новиот закон нема да им гарантира пристојна пензија на работниците.
Абрахамиан има рок од 20 дена да формира владата, откако претседателот Серж Саркисјан вчера му го даде мандатот за тоа.Абрахамиан е дел од раководството на владејачката Републиканска партија на Ерменија.
XS
SM
MD
LG