Достапни линкови

Почна судењето на синовите на Гадафи


Саади Гадафи.

Саади Гадафи.

Судењето на синовите на убиениот либиски лидер Моамер Гадафи и повеќе од 30 поранешни функционери почна во Триполи. Тие се соочуваат со обвиненија од корупција до воени злосторства поврзани со немирите во 2011 година во кои беше соборен Гадафи, кој беше убиен по заробувањето. Неговите двајца синови, Саади Гадафи и Саиф ал-Ислам не беа присутни во судницата во затворот Ал-Хадба на денешниот почеток на процесот. Главниот инспектор во случајот рече дека Саади нема да доаѓа на судењето, бидејќи истрагата е сè уште во тек. Се очекува Саиф ал-Ислам, кој е затворен во западна Либија, да се вклучи на судењето преку видео-врска. Поранешниот прв разузнавач на Гадафи, Абдула ал-Сенуси, е еден од обвинетите во случајот.
XS
SM
MD
LG