Достапни линкови

Лондон бара ЕУ да воведе „дополнителни санкции“ против Русија


 Британскиот министер за надворешни работи Вилијам Хејг.

Британскиот министер за надворешни работи Вилијам Хејг.

Велика Британија ја повика ЕУ да се согласи на „дополнителни санкции“ против Русија како одговор на заострувањето на кризата во источна Украина. Британскиот министер за надворешни работи Вилијам Хејг, веднаш откако пристигна на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Луксембург, изјави дека „дополнителните санкции треба да бидат одговор на руското однесување“.

„Не смее да има сомнеж дека ова е нешто што е планирано и спроведено од Русија“, рече тој.

ЕУ веќе воведе забрани за патување за руски претставници и замрзнување на нивните средства и се закани со понатамошни економски санкции.

Други министри, пак, изразија претпазливост. Шефот на холандската дипломатија Франс Тимерманс изјави дека денеска е премногу рано, но оти ЕУ треба да биде добро подготвена. Тој исто така рече дека источна Украина изгледа „многу, многу слично со тоа што претходно се случи во Крим“.

Русија минатиот месец го анектираше Крим, откако локалните жители на референдум одлучија да се отцепат од Украина и да се припојат кон Русија.
XS
SM
MD
LG