Достапни линкови

Неделкова: Судовите во 2013 година ефикасни и ажурни


Судовите минатата година успешно ги решавале предметите, оцени претседателката на Врховниот суд на Република Македонија, Лидија Неделкова повикувајќи се на Извештајот за работата на судовите од 2013 година. Извештаите за работата на судовите во Македонија ги разгледуваат членовите на Врховниот суд на Република Македонија денеска и утре на проширена општа седница.

„Можам да констатирам, од извештајот што е составен, дека судовите во текот на 2013 година се ефикасни и ажурни и постигнале висок квалитет, освен три суда. Тоа се Вишиот Управен суд, Основниот суд во Охрид и Основниот суд во Штип“, истакна Неделкова.

Според неа, неефикасноста на овие три суда, како што кажа, се израз на влез на предмети во судовите при крајот на годината, односно во месец декември.
Од предметите за 2013 година кои се опфатени и не се опфатени со ориентациска норма, апелациските судови решиле 41.373 од 46.371, со што во однос на 2012 година се поефикасни за 1.003 предмети.

Во основните судови во 2013 година како нерешени од 2012 биле префрлени 175.306 предмети. Новопримени биле 424.148, а решени биле 439.698 предмети, со што го намалиле бројот за 15.865 предмети помалку од предходната година.
Врховниот суд решил 4.265 од 5.996 предмети. Вишиот Управен суд од 2.727 предмети решил 2.640 од нив 41 се од 2012 година, а оваа година останале 81 нерешени предмети. Управниот суд имал 27.005 предмети за работа, решил 14.544 и бил поефикасен за 1.767 предмети од 2012 година.
XS
SM
MD
LG