Достапни линкови

Украина нуди решение за увозот на руски гас


Степан Кубив

Степан Кубив

Гувернерот на Народната банка на Украина Степан Кубив изјави дека Киев е подготвен да и плаќа на Русија 386 долари за илјада метра кубни гас, додавајки дека Украина ќе го плати и долгот. Москва ја зголеми цената на гасот за Украина на 485 долраи за илјада метра кубни, додавајки дека долгот е веќе 2,2 милијарди долари. Кубив, на маргините на состанокот на Светската банка и ММФ во Вашингтон, исто така оцени дека натамошното навлегување на Русија во источна Украина, ќе има сериозни макро-економски последици.
XS
SM
MD
LG