Достапни линкови

Про-руските сепаратисти во источна Украина не отстапуваат


Словјанск

Словјанск

Помина рокот што украинската влада им го постави на про-руските сепаратисти во истониот дел на земјата, да го предадат оружјето и да ги напуштат државните објекти, но засега нема сигнали дека има поместувања. Украинскиот привремен претседател Олександер Турчинов се закани дека ќе биде превземена голема анти-терористичка операција, во која ќе биде вклучена и армијата, доколку до денеска во 8 часот не бидат исполнети барањата што ги постави владата во Киев. На полициската станица во Совјанск сеуште се вее руско знаме, во Луханск исто така про-руските сепаратисти ја имаат контролата. Русија апелира до Киев да не употребува сила против про-руските демонстранти. Украинската влада и Западот ја обвинуваат Москва за креирање на кризата во источна Украина.
XS
SM
MD
LG