Достапни линкови

logo-print

Јанукович ја обвини ЦИА за вмешаност во кризата во Украина


Сменетиот претседател на Украина Виктор Јанукович ја обвини ЦИА дека стои зад одлуката на новата украинска влада да употреби оружени сили против про-руските вооружени лица во источна Украина. Говорејќи вчера на руската државна телевизија, Јанукович истакна дека директорот на ЦИА Џон Бренан имал средба со новото украинско раководство и всушност допуштил употреба на оружје и предизвикал крвопролевање.
Нема независна потврда дека Бренан бил во Украина или на кој било начин е вмешан во одлуката за праќање трупи во источна Украина.
Јанукович беше сменет во февруари по неколкумесечни протести во Киев, кои беа предизвикани од неговото одбивање да го потпише клучниот договор со ЕУ и се сврте кон Москва. Тој пребега во Русија, велејќи дека страхува за својот живот.
XS
SM
MD
LG