Достапни линкови

logo-print

Вардар победник на ракометната СЕХА лига


Момент од еден од дуелите меѓу Вардар и Металург

Момент од еден од дуелите меѓу Вардар и Металург

Македонскиот ракометен шампион Вардар во третата сезона од регионалната СЕХА лига, успеа да стигне до втората титула. „Црвено-црните“ синоќа во финалето на завршниот турнир во Нови Сад го победија белорускиот претставник Мешков Брест со 29:27.
Мешков Брест 40 минути пружи достоен отпор, а во текот на првото полувреме постојано беше во водство, најчесто со еден гол разлика.
Од 39.минута македонскиот претставник го презеде водството (19:18) и од тој момент тргна кон вториот СЕХА триумф. Во 56.минута Вардар ги имаше највисоките плус пет (29:24).
Најефикасен во тимот на Вардар беше Тимур Дибиров со 11 погодоци од 12 обиди, а по четири пати во листата на стрелците се запишаа Игор Карачиќ и Алекс Душебаев.
Во предигра на финалето, Загреб КО го победи Татран Прешов со 36:28 и го освои 3.место.
XS
SM
MD
LG