Достапни линкови

Времето денеска сончево, од утре постудено


Времето во Македонија ќе биде сончево и потопло со умерена облачност и со слаб ветер од променлив правец. Утринската температура се движи од два до седум, а дневната ќе биде од 16 до 23 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево и потопло со умерена облачност и со слаб ветер од променлив правец. Утринската температура се спушти до четири, а дневната ќе се искачи до 20 степени.

Од утре попладне се очекува промена на временската состојба. Ќе има нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи, силен ветер и нагло опаѓање на температурата. Во средината на наредната недела ќе преовладува претежно облачно и студено време со повремени врнежи од дожд, а на некои повисоки места и на планините се очекува врнежите да бидат од снег.
XS
SM
MD
LG