Достапни линкови

Поповски: ГРОМ покажа дека е играч на политичката сцена


ГРОМ покажа дека е играч на политичката сцена и се разбира продолжуваме понатаму, изјави вечерва кандидатот за претседател на ГРОМ Зоран Поповски.

Стевчо Јакимовски, лидерот на оваа партија, им честиташе на кандидатите кои продолжуваат во вториот круг и за досегашното водење на изборната кампања.

Според него, негативна дамка е големиот број неважечки ливчиња.

„Тоа е несвојствено, но е симптоматично тоа што на најголемиот број неважечки ливчиња се заокружени кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорге Иванов и на ГРОМ Зоран Поповски“, рече Јакимовски.

Според податоците на ДИК од обработени 90,63 проценти од избирачките места, Поповски има освоено 27.014 гласови или 3,59 отсто од гласовите.
XS
SM
MD
LG