Достапни линкови

logo-print

МВР: Убедливо најмирни избори досега


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Избирачкиот ден се одвиваше во мирна, фер и демократска атмосфера, оцени Министерството за внатрешни работи.

„Според досегашните информации, избирачкиот процес мина без никакви сериозни нарушувања и инциденти по однос на јавниот ред и мир и непречено одржување на гласањето“, информираат од МВР.

Во соопштението се наведува дека полицијата во текот на изборниот ден генерално доби најмал број поплаки и барања за интервенција.

Овие избори, оценува МВР, споредбено со претходните избирачки циклуси врз основа на евидентираните или пријавени неправилности од аспект на надлежностите на МВР се убедливо најмирните досега.
Според информациите на МВР сите избирачки места точно во 19:00 часот се затворени со што заврши процесот на гласање и практично почна последната фаза од планот за обезбедување на изборниот процес, односно обезбедување на избирачкиот материјал при доставување до општинските изборни комисии, а подоцна и до Државната изборна комисија.
XS
SM
MD
LG