Достапни линкови

logo-print

Тачи: Денешните гласови за две недели ќе се преточат во 13 до 14 пратеници


Лидерот на ДПА Мендух Тачи е задоволен од резултатот што го постигна нивниот кандидат за претседател, Илјаз Халими на денешните претседателски избори.

„Јас сум многу задоволен од овој резултат. Сега трката на ДПА беше со неколку кила песок во нозе. Очекувам и убеден сум оти после две недели кога ќе трчаме во финале, овие гласови ќе се преточат во 13 или 14 пратеници. Убеден сум во таа победа на ДПА на парламентарните избори и мислам дека тоа ќе биде најдоброто нешто што се случило во Македонија“, рече Тачи на денешната партиска прес-конференција.

Тој истакна дека според нивните информации, 15 отсто од Албанците гласаа за македонски кандидат. Од нив 10 отсто за Пендаровски и 5 отсто за Иванов.

„Во одредени места каде на гласање излегле нула отсто луѓе, тоа на ништо друго не личи само на диктатура. Секој што аплаудира на диктатура, таа диктатура после си тргнува кон неговата глава“, нагласи Тачи.
XS
SM
MD
LG