Достапни линкови

Спасовски: Очекуваме масовна поддршка за Пендаровски


Оливер Спасовски.

Оливер Спасовски.

Одѕивот на првиот круг од претседателските избори е околу 50 проценти, но е проследен и со низа нерегуларности и неправилности. Ова е оценката на Оливер Спасовски, шефот на изборниот штаб на СДСМ и на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски дадена на прес-конференција кусо време по затворањето на избирачките места.

Како што истакна Спасовски, очекуваат ДИК и останатите надлежни институции да ги сакционираат сите нарушувања на изборниот процес.

„Но, она што е најзначајно е дека денеска на изборниот ден, како и изминативе денови се чувствува изразена волја за промени. Граѓаните чувствуваат дека кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски е токму кандидат за претседател кој им дава надеж и тоа вистинска на граѓаните на Македонија. Затоа очекуваме резултатите од изборите да го потврдат ова расположение на граѓаните и масовна поддршка за Стево Пендаровски“, рече Спасовски на прес-конференцијата одржана во седиштето на партијата.

Се очекува пoдоцна во текот на вечерта изборниот штаб на СДСМ и кандидатот Пендаровски да одржи уште една прес-конференција.
XS
SM
MD
LG