Достапни линкови

Димовски - Mирни, фер и слободни демократски избори


Архивска фотографија: Илија Димовски, директор на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

Архивска фотографија: Илија Димовски, директор на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

Имавме мирни, фер и слободни демократски избори, едни од најслободните, најдемократските и најфер избори одржани во Република Македонија. Генералниот впечаток е дека целата атмосфера помина во најдобар можен ред, оцени вечерва Илија Димовски, директор на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, забележана е многу мала техничка неправилност во смисла на одредени недостатоци околу документацијата, но обемот на сето тоа е во исклучително мали димензии.

„Многу помалку од кога било досега. Во секој случај за нас овие избори се мирни, фер и слободни и демократски“, рече Димовски.

Во однос на настан што се случил во Шуто Оризари, Димовски рече дека не би можел да го коментира случајот.

„Не би можеле да коментираме затоа што очигледно Радмила Шеќеринска вели едно, другите луѓе што биле присутни зборуваат сосема друго. Институциите да си постапат и да се види што е вистина од тоа што се коментира“, изјави Димовски од штабот на ВМРО-ДПМНЕ.
XS
SM
MD
LG