Достапни линкови

Мала излезност и забележани неправилности во Струга


Во Струга и понатаму излезноста е многу мала. До 17 часот, според официјалните податоци на Државната изборна комисија, таа е само 21,57 отсто, додека во Охрид е 50 отсто. Во струшко, во неколку населени места со чисто етничко албанско население процентот на излезеност на локалните жители е под 1 отсто. Во Струга главен проблем претставува брзото бришење на мастилото со кое се одблежува секој гласач. Исто така граѓани се жалат дека луѓе во комбиња и автомобили седеле пред речиси секое избирачко место во Струга и струшко и воделе евиденција кој одел на гласање.

„Писмено до нас не се стигнати такви реакции. Но, телефонски разговаравме со претставници на политички партии, тие се јавуваа и интервенираа. Ако се наоѓаат надвор од избирачкото место, ние тие не можеме да ги отстраниме, може да стојат, да седат“, вели Џенгис Хани, претседател на ОИК во Струга.

Набљудувачи на политички партии реагираат дека член на избирачки одбор во едно од избирачките места во Основното училиште Браќа Миладиновци на глас ги читал имињата на лицата кои доаѓале да гласаат, по што било реагирано и истото било ставено во записник.

„Досега никој не реагирал за такво нешто“, вели Хани.
XS
SM
MD
LG