Достапни линкови

logo-print

Заврши првиот круг од гласањето за претседател


Вербални напади и кавги меѓу политичари, закани до набљудувачи на гласачки места, искршени партиски штабови, гласачко мастило кое се брише. Ова се дел од забелешките на набљудувачите.

Вербални напади и кавги меѓу политичари, закани до набљудувачи на гласачки места, искршени партиски штабови, гласачко мастило кое се брише, гласање на повеќе места и со повеќе лични карти. Ова се само дел од неправилностите за кои јавуваат организациите кои вршат мониторинг.
На ГМ 2966/1 во општина Шуто Оризари дошло до инцидент помеѓу Радмила Шеќеринска и Амди Бајрам, по што интервенирала полицијата и ситуацијата се смирила.


Во 19 часот се затворени избирачките места на кои граѓаните можеа да гласаат на денешните петти претседателски избори. По затворањето на гласачките места ќе можат да гласаат само лицата кои во тој момент се затекнале во објектот каде што се гласа.

Граѓанската асоцијација МОСТ бележи нерегуларности, како поткуп на гласачи, лесно отстранување на гласачкото мастило, фотографирање на гласачкото ливче, двојни списоци. Дарко Алексов од МОСТ.

Дарко Алексов од МОСТ.


Во Шуто Оризари се сведочи за физички напад врз Радмила Шеќеринска која е нападната од висок претставник на една политичка партија. Во истата општина вербално е нападната и една наша набљудувачка од страна на висок претставник на локалната самоуправа.
„На ГМ 1234 во општина Неготино во 17:10 часот еден гласач ја скршил гласачката кутија, по што гласањето било прекинато. ОИК пристигнала во ГМ и се уште не се знае дали гласањето на ова ГМ ќе продолжи. На ГМ 2966/1 во општина Шуто Оризари дошло до инцидент помеѓу Радмила Шеќеринска и Амди Бајрам, по што интервенирала полицијата и ситуацијата се смирила“, вели извршниот директор на МОСТ Дарко Алексов.

И Цивил – Центар за слобода нотираше бројни неправилности, како прекршување на изборниот молк, агитација, гласање во име на починати граѓани, гласање на луѓе со непостоечки адреси, закани до политичари и набљудувачи. Џабир Дерала, претседател на невладината организација Цивил.

Џабир Дерала, претседател на невладината организација Цивил.



„Имаме доста голем број на дојави од нашите луѓе на терен, за групно гласање, за семејно гласање, асистенција при гласање за која не се знае дали е легитимна, односно верификувана со документи. Граѓани велат дека ги нема на избирачки список. Во Шуто Оризари се сведочи за физички напад врз Радмила Шеќеринска која е нападната од висок претставник на една политичка партија. Во истата општина вербално е нападната и една наша набљудувачка од страна на висок претставник на локалната самоуправа“, изјави Џабир Дерала од Цивил.

МВР оцени дека избирачкиот ден се одвивал во мирна, фер и демократска атмосфера, како што информира денеска на прес-конференција портпаролот на Министерството за внатрешни работи Иво Котески,

„Во регионалните штабови на МВР и во полициските станици нема пријавено никакви посериозни инциденти кои би го нарушиле гласачкиот процес“, рече Котевски.

Помали инциденти се пријавени вчера, меѓу кои и помали оштетувања на штабови на политички партии во неколку градови во земјава, како и прекршување на изборниот молк. Денеска е регистрирано едно нарушување на изборниот процес во струмичкото село Смоларе.

Државната изборна комисија соопшти дека излезноста до 17:40 часот е 41,23 отсто, иако во општините со мнозинско албанско население има мала излезност. Денеска се гласаше на 3.480 гласачки места, а право на глас имаат 1.779.572 избирачи.

„Предничи Битола, таму се излезени на гласање 42.532 гласачи, односно 54,01 отсто од запишаните, потоа следи Прилеп, потоа Општина Куманово, доста е помала излезноста во Тетово, слично е и во Гостивар каде што до 17 часот гласале 18,86 проценти“, изјави Билјана Јовановска, портпаролка на ДИК.

За следење на претседателските избори се акредитирани 9.155 домашни и 489 странски набљудувачи, како и 222 преведувачи, а акредитирани се и триесетина странски новинари од пет медиуми.

Граѓаните очекуваат овие избори да го свртат листот кон подобро. „Да биде арно за сите, претседателот да биде домаќин човек, саглам човек што велат старите.“

„Очекуваме подобри времиња, да има помалку политички затвореници, затоа што државата ни личи на некоја африканска земја, со ниско ниво.“

„Ништо не очекувам, само чекаме да биде подобро. Гласањето убаво помина“, велат анкетираните граѓани.

Ова се петти непосредни претседателски избори во земјата. Новиот претседател се избира меѓу Ѓорге Иванов, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Стево Пендаровски, кандидат на СДСМ, Зоран Поповски, кандидат на ГРОМ и Илијаз Халими, кандидат на ДПА. Четворицата претенденти за нов шеф на државата изборната кампања ја почнаа на 24 март. Ако по денешното гласање никој не го добие потребното мнозинство, по 14 дена ќе се организира втор круг во кој одат двајцата кандидати кои добиле најмногу гласови. Ќе победи тој што ќе освои повеќе гласови под услов на гласање да излезат најмалку 40 проценти од вкупното избирачко тело.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG