Достапни линкови

Нема излезени гласачи во поголем број кичевски села


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

До 13 часот во Општина Кичево гласале 8.873 избирачи, односно 18,11 отсто од запишаните, информираше Бегзат Алиу, член на Општинската изборна комисија.

Од кичевскиот регион во Единствениот избирачки список се запишани 49.052 гласачи, распоредени во 120 гласачки места.

Најмала излезеност е забележана во селските средини - во 95 проценти од селата одѕивот е нула и кутиите се празни без ниту едно гласачко ливче.

Досега нема проблеми и гласањето се одвива во најдобар ред.
XS
SM
MD
LG