Достапни линкови

logo-print

Aлбанците во кумановско-липковско речиси апстинираат од гласање


Општина Липково.

Општина Липково.

Во кумановско-липковскиот регион гласачите од албанската етничка заедница во незначителен број го искористија своето граѓанско право да се изјаснат за еден од четворицата кандидати за претседател, велат од партиските штабови, јавува нашата дописничка Светлана Антиќ Јовчевска. Додека од македонските политички партии очекуваат во попладневните часови Албанците да излезат на гласање, изворите на Радио Слободна Европа велат дека тоа најверојатно нема да се случи, особено во ридско-планинските села во Општината Липково.
XS
SM
MD
LG