Достапни линкови

Стандарден одѕив, нерегуларностите се множат


Искршен партиски штаб, нарушено право на глас, маркерот со кој се бележат гласачите се вади веднаш, иако треба да е видлив 24 часа, гласаат и починати лица, избирачи не можат да најдат на кое место гласаат или пак некој гласал во нивно име. Ова се дел од неправилностите за кои јавуваат организациите кои вршат мониторинг.

Искршен партиски штаб, нарушено право на глас, маркерот со кој се бележат гласачите се вади веднаш, иако треба да е видлив 24 часа, гласаат и починати лица, избирачи не можат да најдат на кое место гласаат. Ова се дел од неправилностите за кои јавуваат организациите кои вршат мониторинг.
Во Битола има најголема излезност по број на гласачи. Голема излезност има и во Општина Аеродром, Кисела вода. Во Чаир излезноста е 7, 56 отсто, во Дебар 7 проценти, во Палсница гласале околу 5 отсто од жителите.


На 3.480 гласачки места во земјава, своето гласачко право можат да го искористат 1.779.572 избирачи. Тие својот глас можат да го дадат за четворица кандидати за претседател на државата.

Државната изборна комисија соопшти дека излезноста до 14 часот е околу 25 отсто, освен кај албанските општини каде има мала излезност, но ги немаат податоците од сите изборни места. Споредбено со истиот период на минатите избори, одѕивот е помал за 1 отсто, односно тогаш излезноста Прес-конференција на ДИК за изборните резултати од првиот круг на претседателските избори.

Прес-конференција на ДИК за изборните резултати од првиот круг на претседателските избори.

изнесувала околу 26 проценти.

„Процентуално во Новаци има најголем излезност од 50 проценти, но во Битола има најголема излезност по број на гласачи. Голема излезност има и во Општина Аеродром, Кисела Вода. Во Чаир излезноста е 7,56 отсто, во Дебар 7 проценти, во Палсница гласале околу 5 отсто од жителите“ вели Билјана Јовановска, портпаролка на ДИК.
Во населба Драчево, општина Кисела Вода, демолиран е изборен штаб на една политичка партија. На неколку гласачките места видливото мастило се брише со влажни марамчиња и ацетон. Пред гласачкото место се вршел поткуп на гласачи.


За следење на претседателските избори се акредитирани 9.155 домашни и 489 странски набљудувачи, како и 222 преведувачи, а акредитирани се и триесетина странски новинари од пет медиуми.

Првиот круг од претседателските избори МОСТ го следи со 580 набљудувачи кои покриваат исто толку гласачки места во Македонија. Набљудувачите забележале неколку нерегуларности.

„Во населба Драчево, Општина Кисела Вода, демолиран е изборен штаб на една политичка партија. На гласачкото место 2713 во општина Аеродром, 15 гласачи не биле запишани во Избирачкиот список и ИО не знаел каде да ги упати. На неколку гласачките места во општина Кичево и гласачкото место 409 во општина Гостивар видливото мастило се брише со влажни марамчиња и ацетон. На гласачките места 407 и 409 во општина Гостивар гласачките паравани се несоодветно поставени со што се нарушува тајноста на гласањето. Во општина Кичево гласањето било прекинато во 13:25 поради тоа што на 2 гласачи не им било дозволено да гласаат затоа што некој друг веќе бил потпишан на нивното место во Избирачкиот список. Пред гласачкото место се вршел поткуп на гласачи и член на ИО реагирал при што настанала тепачка и била повикана полиција“, вели Дарко Алексов од МОСТ.
На едно гласачко место веќе се појавиле граѓани од непостоечката адреса од улица Михаил Чаков. За општина Велес има два различни податока за вкупниот број регистрирани гласачи, и тоа од официјални извори-едниот од Државната, а другиот од Општинската изборна комисија. Разликата е околу 1000 гласачи.


МОСТ има забелешки и за предвременото гласање, генерална констатација е дека е нарушена тајност на гласање.

Изборниот ден го надгледуваат и од Цивил – Центар за слобода. За потребите на овој изборен процес тие отворија Прес центар кој започна со работа во 7 часот и ќе работи до полноќ. Од Цивил велат дека се прекршува изборниот молк, партиите вршат агитација, се врши агитација и на социјалните мрежи, како и СМС-кампања, а веќе гласале и граѓаните од непостоечките адреси, на кои посочи Цивил пред неколку денови.. Организацијата има забелешки и за предвременото гласање. Џабир Дерала.

Џабир Дерала.



„На едно гласачко место веќе се појавиле граѓани од непостоечката адреса од улица Михаил Чаков. За општина Велес има два различни податока за вкупниот број регистрирани гласачи, и тоа од официјални извори - едниот од Државната, а другиот од Општинската изборна комисија. Разликата е околу 1000 гласачи. Во целата земја уште во овој момент ни доаѓаат безброј повици за тоа дека маркерот кој се става на прстот по гласањето може да се извади со влажно марамче. На едно гласачко место во Ѓорче Петров нашиот набљудувач забележал дека е гласано во име на две починати лица. Во Капиштец особено повозрасните се соочуваат со проблемот после многу изборни процеси за првпат не можат себе си да се најдат на избрачкото место, туку ги препраќаат на други “, изјави Џабир Дерала од Цивил.

Дерала вели дека Цивил има нулта толеранција за било каква изборна нерегуларност.

„После повеќе две децении самостојност имаме право како граѓани и граѓанки да имаме регуларни избори, фер, демократски и слободни. Забележуваме дека тоа не се мали нерегуларности, особено ако малите нерегуларности се распространети низ целата земја, тогаш сите тие мали нерегуларности прават една голема нерегуларност“, вели тој.

На прес конференцијата присуствуваше и Извршната директорка на Хелсиншкиот комитет за Македонија Уранија Пировска, која даде правни толкувања за неколку спорни прашања од текот на гласањето. Таа посебно се осврна на појавата дека т.н. трајно мастило многу лесно може да се извади и со обично влажно марамче, како и на забелешките дека полицијата се однесувала несоодветно на својата должност. Откако го остварија своето право на глас, дел од граѓаните за нашето радио изјавија дека очекуваат домаќин човек за шеф на државата.
Од новиот претседател очекувам да ни даде пари.

„Да биде арно за сите, претседателот да биде домаќин човек, саглам човек што велат старите.“

„Од новиот претседател очекувам да ни даде пари.“

„Пензиите да ни ги даваат редовно, само тоа е доволно.“

„Очекувам се да биде најубаво“, изјавија анкетираните граѓани.

Вчера своето право на глас го искористија луѓето во казнено-поправните домови, внатрешно раселените, луѓето кои се во домашен притвор, како и немоќните и болните кои го побарале тоа од општинските изборни комисии. За првпат оваа година за претседател гласаа и македонските државјани кои живеат или престојуваат во странство.

Од канцеларијата на Народниот правобранител соопштија дека денеска од 7 до 19 часот ќе функционира бесплатната телефонска линија 0800-54321 на која граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право.

Отворени за граѓаните ќе бидат сите седум канцеларии на Народниот правобранител во Скопје, Битола, Кичево, Куманово, Струмица, Тетово и Штип, со цел да им се помогне во остварувањето и заштитата на нивните избирачки права.

Гласањето започна во 7 часот и ќе трае непрекинато до 19 часот. По затворањето на гласачките места ќе можат да гласаат само лицата кои во тој момент се затекнале во објектот каде што се гласа. Оваа година првпат избирачите се обележуваат со видливо мастило во вид на маркер на десниот палец, а мастилото треба да има трајност од најмалку 24 часа по нанесувањето.

Ова се петти непосредни претседателски избори во земјата. Новиот претседател ќе се избира меѓу Ѓорге Иванов, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Стево Пендаровски, кандидат на СДСМ, Зоран Поповски, кандидат на ГРОМ и Илијаз Халими, кандидат на ДПА. Четворицата претенденти за нов шеф на државата изборната кампања ја почнаа на 24 март. Ако по денешното гласање никој не го добие потребното мнозинство, по 14 дена ќе се организира втор круг во кој одат двајцата кандидати кои добиле најмногу гласови. Ќе победи тој што ќе освои повеќе гласови под услов на гласање да излезат најмалку 40 проценти од вкупното избирачко тело. Доколку во вториот круг никој од кандидатите не го добие потребното мнозинство се повторува целата постапка.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG