Достапни линкови

Расмусен крајно загрижен поради тензиите во Украина



Генералниот секретар на Нато Андрес Фог Расмусен денеска преку соопштение изрази осуда за насилството на про-руските сепаратисти оценувајќи дека целта е да се дестабилизира Украина како суверена држава.
Правејќи паралела со Крим каде Русија минатиот месец распореди свои сили, Расмусен додаде дека повторното појавување на лица вооружени со руско оружје и со униформи без обележја во Украина е погубен процес.
Расмусен ја повика Русија да ја смири ситуацијата и да ги повлече војниците од областа околу границата на Украина.
"Секоја понатамошна руска воена интервенција само ќе ја продлабочи меѓународна изолација на Русија", додаде тој.
XS
SM
MD
LG