Достапни линкови

Гласањето мирно, најмногу забелешки за мастилото


До 14 часот, гласањето од првиот круг на претседателските избори во Македонија, главно се одвива мирно и без некои посериозни проблеми. Најмногу забелешки има за фактот што мастилото со кое се маркираат гласачите, кои веќе го оствариле своето право на глас, лесно се брише. Но, доколку доследно се споведува процедурата на гласање, и доколку нема малверзации, тогаш е тешко некој да гласа по втор пат.
Невладините МОСТ и Цивил регистрирале и некои други неправилности, за кои известуваат на нивните редовни прес конференции.

Инаку, забележително е дека во местата каде што мнозинство се гласачите албанци, одзивот е многу слаб.
XS
SM
MD
LG