Достапни линкови

Авганистан - Абдула води на претеседателските избори


Првичните резултати од претседателските избори во Авганистан покажуваат
дека поранешниот министер за надворешни работи, Абдула Абдула е во предност пред неговиот ривал, поранешниот министер за финансии Ашраф Гани.
Независната изборна комисија на Авганистан ги соопшти првичните резултати врз основа на 10 отсто од гласовите.Абдула е во водство со 41,9 отсто,а Гани е втор со 37,6 проценти.
Изборите во Авганистан за претседателските и провинциските совети се одржаа на 5 април.Броењето најверојатно ќе трае неколку недели. Победникот треба да го наследи досегашниот претседател Хамид Карзаи
XS
SM
MD
LG