Достапни линкови

Две лица загинале во пожар во Чиле


Голем пожар зафати делови на пристанишниот град Валпараисо во Чиле. Најмалку две лица загинале,повеќе од 500 куќи се уништени, а илјадници луѓе се евакуирани. Градот е прогласен за зона на елементарна непогода. Властите објавија дека причината за пожарот се уште се истражува. Валпараисо, град со 270.000, е едно од најголемите пристаништа на Чиле.
XS
SM
MD
LG