Достапни линкови

МОСТ информира за неколку неправилности


Граѓанската асоцијација МОСТ информира дека одѕивот на гласачите за денешните претседателски избори до 10 часот е 8,88 проценти. До 9 часот одѕивот е 4,92 проценти.

Претседателот на МОСТ Дарко Алексов на прес-конференција соопшти дека набљудувачите и регионалните канцеларии на МОСТ информирале за случаи со бришење мастило на палецот, демолиран изборен штаб, незапишани избирачи, несоодветно поставени гласачки паравани, читање на глас на избирачи...

МОСТ денешното гласање го следи со 580 набљудувачи кои покриваат повеќе од 15 проценти од избирачките места на територијата на државата.
XS
SM
MD
LG