Достапни линкови

logo-print

ДИК: До 10 часот излезноста на гласачите е 9.16 проценти


Од досега добиените податоци и направениот пресек до 10 часот и 45 минути за претседателските избори за четворицата кандидати за претседател, процентот на излезност е 9,16 проценти односно 139.846 гласачи, од вкупно 1.779.572 граѓани на Република Македонија во 3.480 избирачки места.

Според податоците на ДИК, најголема излезност засега има во Прилеп 15,45 проценти, односно 8.503 граѓани, а најслаба во Арачиново 80 граѓани или 0,92 проценти.

- Засега не се забележани нерегуларности и се тече според предвиденото. Oтворени се сите избирачки места во 7 часот, нагласи на денешната прес-конференција портпаролот на ДИК Билјана Јовановска.
XS
SM
MD
LG