Достапни линкови

МОСТ со први забелешки за неправилности при гласањето


Граѓанската асоцијација МОСТ на својата прва прес конференција објави неколку неправилности што се регистрирани на почетокот од изборите.
Повеќе забелешки имаа во однос на вчерашното предвремено гласање, односно гласањето на болни и немоќни лица кое го следеле 55 набљудувачи на МОСТ. Посочени се нарушена тајност на гласање, членовите на избирачкиот одбор во општина Центар со себе не ја носеле гласачката кутија, во општина Битола одборот не го поништил неискористеното гласачко ливче и тоа останало на кочанот, во општина Прилеп еден од избирачките одбори не знаел дали треба да се става печат на гласачкото ливче и дали може да се гласа со пасош.
Граѓанската асоцијација МОСТ денешното гласање го следи со 580 набљудувачи.
XS
SM
MD
LG