Достапни линкови

Џо Бајден ќе отпатува во Киев


Белата куќа соопшти дека американскиот потпретседател Џо Бајден ќе отпатува во Украина на 22 април за да ја предупреди Русија против воената ескалација. Бајден ќе ја истакне силната поддршка на САД за обединета, демократска Украина, се вели во соопштението на Белата куќа. Бајден исто така со украинските официјални лица ќе се консултира за последните случувања во источна Украина, каде што про-руските сепаратисти, со поддршка на Москва, продолжуваат оркестрирана кампања за дестабилизирање на Украина, се наведува во соопштението.
Вчера и портпаролката на Националниот совет за безбедност, Лаура Лукас Магнусон упати повик до Претседателот Владимир Путин и неговата влада да ги прекинат сите обиди да ја дестабилизираат Украина.
XS
SM
MD
LG