Достапни линкови

logo-print

Речиси 10 илјади набљудувачи на изборите


За следење на претседателските избори се акредитирани 9.155 домашни и 489 странски набљудувачи, како и 222 преведувачи. Според податоците од веб-страницата на Државната изборна комисија, НВО МОСТ акредитирала 1.790 набљудувачи, Здружението за хуманитарни активности СИНЕРГИЈА 4.970, Здружението на граѓани за демократизација и подигнување на колективната свест „Движење ВЕПРО“ 2.304, ЦИВИЛ-Центар за слобода 50 набљудувачи, Здружението на граѓани-Центар за развој на медиумите - Скопје девет и Македонскиот Центар за култура и развој шест набљудувачи.

Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР има акредитирано 202 набљудувачи, ОБСЕ 91 набљудувач, Парламентарното собрание на Советот на Европа 21, ЕУ - 27 набљудувачи, амбасадите на САД - 27 набљудувачи, на Шведска 13, на Италија 12, на Турција - 11, на Франција осум, на Бугарија и Холандија по шест, на Косово - пет, на Словенија - четворица, на Полска, на Грција, на Австрија и на Шпанија по тројца, на Хрватска, на Кина и на Словачка по двајца набљудувачи, на Германија, Катар, Црна Гора и Србија по еден набљудувач и на Данската оганизација СИЛБА и Асоцијацијата за напредок едукација и лобирање НЕЛ - 31 набљудувач.
За следење на денешните избори акредитирани се триесетина странски новинари од пет медиуми
XS
SM
MD
LG