Достапни линкови

logo-print

Бесплатни телефонски линии кај Народниот правобранител


Во канцеларијата на Народниот правобранител денеска, на денот на одржување на првиот круг на изборите за претседател на Република Македонија, во периодот од 7 до 19 часот, функционира бесплатната телефонска линија 0800-54321 на која граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право.Отворени за граѓаните ќе бидат сите седум канцеларии на Народниот правобранител во Скопје, Битола, Кичево, Куманово, Струмица, Тетово и Штип, со цел да им се помогне во остварувањето и заштитата на нивните избирачки права.

Покрај лично во канцелариите, како и на бесплатната линија, граѓаните ќе можат за заштита на своите права да се јават и на телефонските броеви: Тетово 044 344-082, Струмица 034 329- 996, Кичево 045 228-586, Битола 047 242-310, Штип 032 389-701 и Куманово 031 431-488.
XS
SM
MD
LG