Достапни линкови

Украина ја суспендира исплатата за рускиот гас



Украина објави дека ја суспендира исплатата на рускиот гас порaди спорот околу огромниот пораст на цената.
Андриј Кобелов, главниот извршен директор на енергетската компанија Украина Нафтогас рече дека одлуката на Русија од минатата недела да ја зголеми речиси двојно цената за гасот е неоправдана и неприфатлива.
Kобелов изјави дека Украина ја суспендира исплатата додека не се постигне соодветен договор за цената. Сепак, Украина де факто веќе престана со исплатата поради тоа што не успеа да плати повеќе од 500 милиони долари за рускиот гас претходно овој месец. Москва објави дека Украина должи 2,2 милијарди долари.
Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле вчера во Вашингтон изјави дека Западот мора да размисли како да му помогне на Киев да си ги плати сметките.
XS
SM
MD
LG