Достапни линкови

Маоистичките бунтовници убиле 12 лица во Индија


Индиските маоистички бунтовници денеска убиле 12 лица во одвоени напади во централната држава Чатисгар,во рамки на нивната насилна кампања која има за цел попречување на пето-неделните национални избори во Индија. Првиот напад се случил кога експлодирала мина при што загинале пет изборни официјални претставници и двајца возачи на автобус. Во вториот напад бунтовниците убиле пет паравојници во напад врз нивниот автомобил во шумата Дарба. Бунтовниците исто така ги повикале избирачите да ги бојкотираат изборите. Тие уште од 1960 година се борат за поголемо учество во распоредувањето на националното богатство.
XS
SM
MD
LG