Достапни линкови

Утрешните избори МОСТ ќе ги следи со 580 набљудувачи


Првиот круг од Претседателските избори 2014, кој ќе се одржи утре Граѓанската асоцијација МОСТ ќе го следи со 580 набљудувачи. Со овие набљудувачи ќе се покријат 15 проценти од гласачките места во целата држава, односно 15 проценти од гласачките места во секоја општина.

Ова денеска на прес-конференција го истакна извршниот директор на МОСТ, Дарко Алексов, кој рече дека набљудувачите на МОСТ ќе бидат статични, и во текот на целиот ден ќе го следат гласањето на гласачките места.

Покрај тоа, МОСТ ќе има и 84 мобилни тимови за логистичка поддршка на статичните набљудувачи и ќе ги набљудуваат повремено оние места на кои МОСТ нема статични набљудувачи.Денеска МОСТ го набљудува и предвременото гласање на болни и немоќни лица, внатрешно раселени лица, лица во затвор и лица во куќен притвор, потенцира Алексов.
XS
SM
MD
LG