Достапни линкови

logo-print

Украина праќа специјални единици во Словјанск


Украинскиот министер за внатрешни работи Арсен Aваков изјави дека единица на специјалните полициски сили е испратена во источниот украински град Словјанск каде вооружени лица ја презедоа контролата врз полициска станица. Aваков на Фејсбук наведе дека одговорт ќе биде многу тежок долoлнувајќи дека има разлика помеѓу демонстранти и терористи. Регионалната полиција во Донецк соопшти дека околу 15-20 вооружени лица облечени во маскирна униформа се внатре во полициската станица во Словјанск. Градоначалникот на Словјанск Нела Степа изјави дека е во контакт со вооружените лица во внатрешноста на зградата . Словјанск се наоѓа на 100 километри северно од Донецк и има население од 130.000 луѓе. Во меѓувреме, во Донецк, канцеларијата на регионалниот обвинител објави дека неколку десетици луѓе влегле во канцеларијата на обвинителот во текот на ноќта.
XS
SM
MD
LG