Достапни линкови

Иран - американското неиздавање виза за иранскиот амбасадор е за жалење


Портпаролот на иранската мисија во Обединетите нациии Хамид Бабаеи изјави дека одлуката на САД да не му даде виза на кандидатот на Иран за амбасадор во Обединетите нации Хамид Абуталеби е за жалење.Тој оцени дека потегот на САД е во спротивност со меѓународното право.Американската влада се противи на номинацијата на Абуталеби, поради сомневање дека тој учествувал во случувањата во Амбасадата на САД во Техеран во 1979 година кога муслиманска студентска група киднапираше 52 американци.
XS
SM
MD
LG