Достапни линкови

Гласа дијаспората, затворениците, болните


Во пресрет на утрешните петти претседателски избори во Република Македонија денеска е изборен молк.Според одлуката на Државната изборна комисија, денеска и утре има прекин во кампањата за предвремените парламентарни избори кои ќе се одржат на 27 април.

Првпат оваа година на ден пред изборите можност својот глас за претседател на државата имаат и македонските државјани кои работат и живеат во странство. Избирачките места во 7 часот се отворени и за 39 внатрешно раселени лица во Домот „Здравко Цветковски“, за 1.706 лица на издржување казна затвор или притвор, а дома ќе гласаат болните и немоќните и оние во домашен притвор.

Од 8.332 пријавени лица за гласање во дијаспората во Изборната единица 7 кој ја опфаќа Европа и Африка на гласање треба да излезат 5.892 избирачи, во ИЕ 8 (Северна и Јужна Америка) – 1.426 и во ИЕ 9 (Азија и Австралија) – 1.014.
XS
SM
MD
LG