Достапни линкови

Силвија Метјуз Бурвел номинирана за нов секретар за здравство во САД


Американскиот претседател Барак Обама ја номинираше неговата шефица за буџет, Силвија Метјуз Бурвел, да го замени секретарот за здравство и социјални услуги Кетлин Сибелиус. Зборувајќи денеска во Вашингтон, тој рече дека е убеден оти Бурвел ќе биде изгласана од Сенатот, затоа што таа доби едногласна поддршка од сенаторите кога беше избрана на сегашната функција минатата година. Обама ја пофали Сибелиус за помошта при враќањето на неговиот Закон за здравствена заштита, кој опфати 7,5 милиони луѓе и ги надмина очекувањата по проблемите што се појавија со регистрацијата на корисниците преку интернет.
XS
SM
MD
LG