Достапни линкови

Вратен на работа избркан руски професор


Професорот Андреј Зубов.

Професорот Андреј Зубов.

Московскиот Државен институт за надворешни работи го отповика отказот за познат професор кој ја критикуваше руската анексија на Крим. Институтот денеска објави дека ја повлекува минатомесечната одлука да го отпушти професорот Андреј Зубов, кој е член на изборната комисија во московската област Хамовники, а законот забранува работодавачите да отпуштаат кој било член на локалните изборни комисии. Зубов, во текст објавен во весник минатиот месец, ја спореди анексијата на Крим со анексијата на Австрија и Чехословачка од страна на Нацистичка Германија во 1938 година. Администрацијата на Институтот сепак соопшти дека не ја менува својата оценка за однесувањето на Зубов. Минатиот месец, раководството на Институтот соопштија дека текстот на Зубов „му наштетил на образовниот процес“ и „предизвикал шок“ меѓу професорите и студентите.
XS
SM
MD
LG