Достапни линкови

Путин - Русија ќе ги исполни обврските кон европските купувачи на гас


Рускиот претседател Владимир Путин денеска во Москва изјави дека Русија ќе ги исполни своите обврски кон европските купувачи на природен гас. Тој исто така рече дека Русија не планира да ја запре испораката кон Украина, иако Москва може да бара Киев однапред да плати за гасот. Путин ова го изјави само неколку часа откако Европската комисија ја повика Русија да ги почитува договорите за гасот. Во меѓувреме, германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле во Вашингтон изјави дека западот мора заеднички да размисли како да му помогне на Киев да си ги плати сметките. Украина претходно соопшти дека не може да ѝ ги плаќа на Москва новите повисоки цени за природниот гас и се надева дека ќе купува од Европа. Украинскиот министер за енергија и јаглен, Јуриј Продан, денеска во украинскиот парламент во Киев рече дека Украина нема да се согласи со руските „политички“ цени на гасот и оти ќе се обрати до Арбитражниот трибунал во Стокхолм.
XS
SM
MD
LG