Достапни линкови

Молдавија се надева на помош од ЕУ ако запре испораката на руски гас


Прозападната влада на Молдавија се надева оти ЕУ ќе ѝ помогне, ако прекине испораката на руски природен гас преку Украина, изјави денеска молдавскиот министер за економија Валериу Лазар за Радио Слободна Европа. Рускиот претседател Владимир Путин вчера испрати писмо до 18 европски држави, вклучувајќи ја и Молдавија, во кое наведува дека украинскиот долг за рускиот гас може да доведе до застој во снабдувањето со руски гас на земјите од Западна и Централна Европа. Лазар изјави оти се надева дека работите „нема да отидат толку далеку“, но и да отидат, се надева дека партнерите на неговата земја од ЕУ ќе помогнат. Тој додаде дека Молдавија може да добива гас од нејзиниот западен сосед Романија и неруски гас од Украина. Молдавија, која планира да потпише договор за асоцијација со ЕУ во јуни, е речиси целосно зависна од руската енергија.
XS
SM
MD
LG