Достапни линкови

logo-print

Милитантите во Ирак ја отворија браната кај Фалуџа


Милитантите во Ирак ја отворија браната на реката Еуфрат јужно од Фалуџа, откако ги поплавија областите околу овој град кој е под контрола на бунтовниците. Борците од „Исламската држава во Ирак и Левант“ денеска отвориле пет од 10-те излези на браната. Минатата недела тие оставија отворени само два излези на браната и предизвикаа поплави на областа нагоре по реката во близина на Фалуџа, со што ги спречија владините напори да го опколат градот и да ја преземат контролата од бунтовниците. Фалуџа е на околу 5 километри северно од браната, која е клучна за неколку проекти за наводнување во немирната област Анбар која се граничи со Сирија.
XS
SM
MD
LG