Достапни линкови

ЕК бара Русија да ги почитува договорите за гасот


Европската комисија ја повика Русија да ги почитува договорите за гасот откако рускиот претседател Владимир Путин предупреди дека испораката на гас за Европа е во опасност ако Украина не го плати долгот за гас од 2,2 милијарди долари. Портпаролката на Комисијата, Пиа Ахренкилде Хансен, денеска во Брисел рече дека Европа е доверлив клиент за гасот и оти очекува добавувачите да ги исполнат своите обврски.

Москва соопшти дека европските лидери сè уште не одговориле на повикот на Путин за итни разговори за решавање на прашањата поврзани со украинскиот долг за гасот.

Во меѓувреме, германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле во Вашингтон изјави дека западот мора заеднички да размисли како да му помогне на Киев да си ги плати сметките.

Украина претходно соопшти дека не може да ѝ ги плаќа на Москва новите повисоки цени за природниот гас и се надева дека ќе купува од Европа. Украинскиот министер за енергија и јаглен, Јуриј Продан, денеска во украинскиот парламент во Киев рече дека Украина нема да се согласи со руските „политички“ цени на гасот и оти ќе се обрати до Арбитражниот трибунал во Стокхолм.
XS
SM
MD
LG